Организаторите нагласуваат дека настанот нема натпреварувачки карактер и оти целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.
Најавено е учество на 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик – модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето – стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.
Покрај домашните грумери, најавен е и меѓународен тим од четворица грумери од Српската асоцијација на грумери кои имаат освоени титули на балкански првенства. Ќе присуствува и професор специјализиран за благосостојба на миленици во Копенхаген, како и еден стилист за птици кој ќе врши демонтрација на кратење на клун.
Ќе учествуваат 16 кучиња од 11 различни раси и мешанци.
Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници…. Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.