вторник, 24 септември 2024

Прва изјава на Нетанјаху по драматичната ескалација: Го менуваме односот на силите

Премиерот на Израел, во својата прва изјава откако Израел започна бран напади низ Либан во кои загинаа најмалку 182 лица, им порача на израелските граѓани дека ветил дека Израел ќе го промени балансот на силите на север, додавајќи дека „тоа е она што го прави ИДФ“ .

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бенјамин Нетанјаху рече дека мисиите што се извршуваат биле насочени кон уништување, како што рече, на илјадници проектили и ракети насочени кон израелските градови. Нетанјаху рече и дека претстојат „комплицирани денови“ и ги повика израелските граѓани да ги следат упатствата за одбрана на земјата.

Во последните недели, како дел од своите воени цели Израел експлицитно го додаде враќањето на раселените лица од северен Израел во своите домови. Околу 60.000 Израелци беа принудени да ги напуштат своите домови во северен Израел поради постојаната размена на оган меѓу ИДФ и Хезболах.

Претходно, портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер рече дека „Израел ќе стори сè што е потребно преку дипломатија – или воени средства – за да ја обезбеди северната граница. Тоа е она што би го направила секоја друга земја“.

Воениот портпарол на ИДФ, Даниел Хагари, ги предупреди жителите на источен Либан да се евакуираат доколку се во близина на области каде што се складира оружје на Хезболах. Либанското Министерство за внатрешни работи најави дека ќе ги користи училиштата како привремени засолништа за раселените лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ