четврток, 30 јануари 2025

Против италијанската премиерка е покрената истрага

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека римското обвинителство покренало истрага против неа, бидејќи го олеснила враќањето на либискиот воен водач Осама Ал Масри, кој Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг го обвини за воени злосторства.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Џорџа Мелони изјави дека во истрагата биле вклучени и италијанските министри за внатрешни работи и правда Матео Пјантедоси и Карло Нордио.

Италијанската влада беше критикувана од опозицијата, организациите за човекови права и МКС, бидејќи Ал Масри беше ослободен на формална основа откако беше уапсен во Торино.

Џорџа Мелони изјави дека претпоставува дека истрагата е покрената врз основа на барање на опозициски политичар, пренесува Асошиејтед прес.

Ал Масри беше уапсен на фудбалски натпревар на 19 јануари, ден откако МКС издаде налог за негово апсење, два дена подоцна ја напушти Италија со владин авион.

Мелони изјави дека налогот за апсење е издаден откако Ал Масри пристигнал во Италија, додека претходните 12 дена ги поминал во три европски земји.

Според неа, меѓународната потерница не била проследена до Министерството за правда, што го налага законот, поради што апелациониот суд во Рим одлучил да не го потврди апсењето.

Во тој момент Ал Масри беше слободен на територијата на Италија. Наместо да го ослободиме, решивме веднаш да го избркаме од безбедносни причини, што се прави во слични случаи, изјави италијанската премиерка.

Според обвинението на МКС, Ал Масри е одговорен за убиства, мачење, силување и сексуални злосторства во либискиот затвор Митига од 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ