петок, 18 октомври 2024

Протестот Србија против насилството одржан во повеќе градови

Објавено на

часот

Сподели

Од импровизирана бина на камион им беше упатено извинување на лекарите и пациентите на блиските болници, додека против сопственикот на Пинк Жељко Митровиќ се скандираше повеќе од еден час.

Собраните на повик од импровизираната бина ги запалија светлата на мобилните телефони, со што, како што е истакнато, покажале дека тие се светлото, а зградата на Пинк зад нив е – мракот.

Протестот „Србија против насилството“ кој по деветти пат е одржан во Белград, почна пред домот на Народното собрание на Србија во 18 часот, од каде демонстрантите во поворка дојдоа до зградата на Пинк.

Собирот мина без инциденти, а пред зградата на телевизијата било поставено обезбедување.

Протестите „Србија против насилството“ почнаа по двете масовни трагедии, на 3 и 4 мај, во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата во околината на Младеновац и Смедерево, во кои беа убиени главно деца и млади луѓе.

Меѓу барањата на протестите кои технички ги организира проевропската опозиција, е укинување на националните фреквенции на телевизиите Пинк и Хепи, гасење на таблоидите кои промовираат говор на омраза, оставки на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ