петок, 18 октомври 2024

Протестна музика од Филхармонија пред Владата, премиерот изгледа не слушнал

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата недела вработените ѝ дадоа црвен картон на министерката за култура. Денеска сме пред Владата, бидејќи уште пред неколку недели побаравме прием кај премиерот, но, за жал, не добивме никаков одговор, ниту пак се заложија за промена на одлуката. Денеска во порталот Република излезе интервју со претседателката на  Синдикатот на културата (СКРМ), Верче Атанасовска во кое вели дека е информирана од министерката за култура дека е најден соодветен простор каде што ќе биде сместена новоформираната институција“, посочи Лазаревски.

бнџц

Тој ја повика министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска да информира дали е најден нов простор на Џез оркестарот.

„Ние и денеска протестираме бидејќи досега од министерството не сме добиле ниту соопштение, ниту сме информирани дека е најдено просторно решение. Недостатокот на комуникација и заеднички јазик беа главна причина за создавање на проблемот уште на самиот почеток, затоа еве, уште еднаш јавно ја повикуваме министерката да излезе со соопштение во јавноста и да не информира, нас, вработените во Филхармонија кои сме директно засегнати од оваа ситуација“, потенцираше Лазаревски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ