сабота, 27 јули 2024

Протест во Тетово со барање за 400 вработувања во Клиничката болница

Вработени во Клиничка болница Тетово и во Здравствениот дом кои се членови на Независниот медицински синдикат (НМС) излегоа утрово на протест со барање за 400 вработувања во клиниката.

Објавено на

часот

Сподели

Протестот е организиран по повод вчерашниот ден на здравјето, а барањата кои се истакнати се за подобрување на работата во јавните медицински установи кои подразбираат и пополнување на дефицитарните места со нови вработувања.

Координаторот на Независен медицински синдикат за Тетово Ариф Ибраими во изјава за медиумите посочи дека во градот еден од најголемите проблеми е недостигот на кадар.

„Бројот на вработени не кореспондира со препораките од Светската здравствена организација. Како установа сме региситриани за 470 кревети, за кои треба да има тројца вработени по кревет, речиси 1.500 вработени за оптимално да може да се изврши и даде здравствена услуга. Нам ни фалат најмалку 400 вработени за да се изврши оптимална здравствени услуга“, изјави Ибраими.

Независен медицински синдикат во повеќе градови одржа протест од кои се истакнаа барањата за трајно решение на над 1.100 здравствени работници и помошно-технички персонал кои се со договор за дело или со решение за времено вработување и други барања.

Во исто време со поддршка од ССМ во Скопје и низ земјава протестираат здравствените работници организирани преку Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ