сабота, 27 јули 2024

Со поддршка на ССМ за платите и вработувањата протестираат здравствените работници

Пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ, здравствените работници организирани преку Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утрово излегоа на протест поради неселективните вработувања и со барања за усогласување на платата согласно Законот за минимална плата и зголемување на коефициентите како додатоци на плата. Протестот се пресели пред Министерството за здравство, а министерот Илир Демири најави дека ќе разговара со нивни претставници.

Објавено на

часот

Сподели

„Со протестот сакаме да го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада“, изјави Љубиша Каранфиловски.

Протестот е под мотото „Здравството на протест за плата“, а изјави ќе дадат претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.

Паралелно, денеска, здравствените работници излегуваат на протест и пред здравствените домови низ државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ