Пред седиштето на РИК, каде е во тек седница на ова тело, граѓаните повремено скандираат „Крадци, крадци“ и свират со свирчиња за да изразат незадоволство и барајќи белградските избори да бидат поништени.
На собраните на кратко им се обрати лидерот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Ќута кој повтори дека пратениците на коалицијата „Србија против насилството“ ќе останат во зградата на РИК додека нивните барања не бидат исполнети, и апелираше протестот да биде мирен.
Protest koalicije “Srbija protiv nasilja” ispred zgrade Republičke izborne komisije. pic.twitter.com/DdlMdLNfQw
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 18, 2023
Пратеници на листата на „Србија против насилството“ влегле претходно во зградата на Народното собрание за на РИК да ѝ предадат докази за неправилности за време на вчерашните избори кои, како што тврдат, влијаеле на резултатот.
Тие бараат поништување на изборите и нивно повторување под фер услови и со средени изборни списоци.
Двајца претставници на таа листа, Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ, пред да влезат во собранието, најавија почеток на штрајк со глад додека нивните барања за поништување на изборите не се исполнат.