среда, 5 февруари 2025

Протеински леб од наут и грашок, нов вкус од Жито Лукс

Најголемиот производител на леб Жито Лукс го лансираше првиот протеински леб на пазарот кој е достапен до потрошувачите во сите поголеми и помали маркети и претставува вкусна и хранлива опција за сите кои се грижат за своето здравје.

Објавено на

часот

Сподели

Избалансираната рецепта нуди високо количество на природни растителни протеини и ниско количество на шеќери и масти. Со две парчиња од овој леб внесувате 10 грама протеини добиени од наут и од грашок.

Природните протеини освен што помагаат во изградбата и регенерацијата на мускулите, го регулираат апетитот и го поддржуваат одржувањето на оптимална телесна тежина, обезбедувајќи чувство на ситост подолго време.

Двојното пакување заедно со процесот на пастеризација овозможуваат овој леб да
има долготрајна свежина без додадени конзерванси.

„Протеинскиот леб е наменет за спортски ентузијасти бидејќи помага во регенерација на мускулите по спортувањето но и за сите оние со активен животен стил кои ја надополнуваат изгубената енергија преку здрава и избалансирана исхрана. Веруваме дека сите поборници на здрав живот ќе се вљубат во вкусот на овој производ, ќе ја препознаат неговата вредност и ќе го вклучат во своите секојдневни оброци со кои го одржуваат здравјето и благосостојбата“, велат од Жито Лукс.

Комерцијален текст 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ