Мартовскиот репрезентативен прозорец, Црна Гора ќе го пополни со два пријателски меча, дуели против Македонија и Белорусија.
Просинечки денеска ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за овие два дуели.
Двете најголемите ѕвезди во составот се поранешниот играч на Сити, Интер, Севиља… Стеван Јовиќ кој сега игра во Олимпијакос, како и Стефан Савиќ кој е член на Атлетико Мадрид.
Мечот меѓу Црна Гора и Македонија се игра на 25. март во Анталија.