сабота, 1 февруари 2025

Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники

Ниту една фирма не се јави на тендерот за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники.

Објавено на

часот

Сподели

Тендерот се распиша по итна постапка по проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Проценетата вредност на тендерот беше 18.644.068 денари без ДДВ.

Начелен интерес пројавија само три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација, но до денот за отворање на понудите не е пристигната ниту една.

Во мај во некои операциони сали на хируршките клиники почна да се шири непријатна миризба, а се препостави дека главен проблем е во компресорите.

Планирано беше овие операциони сали да профункционираат до декември.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ