понеделник, 21 октомври 2024

Пронајдени малолетните деца што извршија тешка кражба во Битола, пронајдени пиштол и муниција

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол марка зораки, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода го лишиле В.А.(43) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 2 јуни од страна на неговите малолетни деца. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ