среда, 19 февруари 2025

Пронајдена марихуана при претрес на 22-годишничка во скопски Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ