Извршен бил увид од увидна екипа од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и истата била одземена. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Истиот ден, на 27.12.2024 година, во вечерните часови, во 20.30 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека околу 18.50 часот во установата кај осуденици биле пронајдени марихуана и таблети. Била спроведена соодветна постапка, односно извршен бил увид од увидна екипа од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, и наркотиците биле одземени. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.