петок, 27 декември 2024

Пронајден мртов уредникот на „Дело“

Објавено на

часот

Сподели

Како што објавија денеска словенечките медиуми, причините за смртта на 62-годишниот Сливник засега не се познати, но полицијата претпоставува дека тој извршил самоубиство.

Во полициското соопштение се нагласува дека смртта на Сливник „не е последица на кривично дело“ и дека полицијата продолжува да собира информации и да ги утврдува околностите во кои починал тој. Според непотврдени полициски инфомации, Сливник се самоубил со пиштол.

Медиумите потсетуваат дека Сливник последниве денови беше под силен притисок по обелоденувањето на аферата во која беше осомничен за поврзаност со илегални бизниси и перење пари.

Сливник во 80-те годиини на минатиот век беше дописник на „Дело“ од Москва, а по враќањето во Љубљана, прво беше коментатор, а потоа и главен уредник и директор на овој најтиражен дневен весник во Словенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ