среда, 4 декември 2024

Промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери” и „Аида”

Објавено на

часот

Сподели

Вечер со почеток во 20 часот, оперската претстава „Аида” од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери”. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида”, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера од над 28 години. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист Ивана Коцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ