Пет години подоцна, кога се одбележуваат 75 години од прводипломираните народни учители во Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип, излезе од печат зборник на трудови, кој содржи прилози од Регионалниот учитeлски собир, насловен како „Учителско наследство и развојната образовно –воспитина практика“ , во соработка и со поддршка на Општина Куманово и Издавачката куќа „Просветно дело“, Скопје.
Зборникот ќе биде промовиран утре во 11,00 часот во просториите на ПСУ„Јахја Кемал“ во Скопје, информираат од Сојузот на просветни работници на Македонија.