среда, 12 март 2025
Време

Променливо облачно, попладне врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 км/час).

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер.

 

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно наместа нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната од17 до 24 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ