четврток, 23 јануари 2025

Програмата на Владата за 2025-та, во функција на стратешките приоритети за периодот 2024-2028 година

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во функција на нивна реализација е и Програмата за работа на Владата во 2025 година што беше донесена на последната седница.

Како што информира денеска владиниот портпарол Марија Митева, презентирајќи ја програмата, економското заживување на државата е врвен приоритет.

Според Митева, одредена е динамика по месеци за реализација на програмата, што е потврда за транспарентноста и предвидливоста на Владата.

Програмата има два дела, еден се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, а другиот се однесува на Владата.

„Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година, секој дизајниран да одговори на итните предизвици: обвновување на довербата во институциите, ефикасна борба против криминалот и корупцијата, како и владеење на правото. Програмата има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати“, напомена владината портпаролка на прес-конференција .

Во првиот дел од програмата има над 120 предлог-законски решенија меѓу кои се и предлог-законот за управување со движења на предметите во судовите, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот спречување на корупција и судир на интереси, додека вториот, како што истакна Митева, има поширок опфат и се однесува на сите сегменти.

Околу стотина активности во програмата се однесуват на обврските од реформската агенда за 2024 – 2027 година и Планот за раст на Западен Балкан.

„Нашата визија е јасна – држава во која системот функционира, просперитетна економија и Влада која работи за граѓаните и на која граѓаните и веруваат“, потенцира Митева. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ