среда, 12 март 2025

Продолжува судењето за двојното убиство, денеска ќе сведочи обвинетиот Велибор Манев

Велибор Манев, второобвинет за грабнувањата и за убиствата на 74-годиниот Панче Жежоски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје денеска ќе сведочи на суд. Тој на првото рочиште изјави дека не се чувствува виновен по наводите во обвинението.

Објавено на

часот

Сподели

За ова двојното убиство обвинети се Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, а за помагање и грабнување на неговата ќерка Вања обвинет е и Александар Ѓорчевски. Според обвинението мотивот за ова двојно убиство е користољубие.

За време на истрагата Манев ги однел полицајците до местото каде што е закопано телото на Панче и кажал дека Палевски пукал во Жежовски.

Од сведочењата на обвинетите се очекува да се расветли мотивот за двојното убиство, од кого побарале пари, зошто Вања е убиена два часа по грабнувањето, која била улогата на татково Александар Ѓорчевски…

На сивата лента со која била врзана устата на Вања пронајдени се траги од ДНК на Манев, како и во возилото „рено кангу“.

Панче Жежовски беше грабнат и убиен на 22 ноември 2023 година, а Вања Ѓорчевска на 27 ноември. Телата на двете жртви беа пронајдени рано наутро на 3 декември.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ