недела, 22 декември 2024

Продолжува поддршката од САД, вели Блинкен во честитката за Денот на независноста

„Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат“, се вели во честитката по повод Денот на независноста 8 Септември што ја упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Објавено на

часот

Сподели

Тој во името на Соединетите Американски Држави ја упати честитката по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај годинава.

„Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница“, пишува во честитката од Блинкен

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ