петок, 18 октомври 2024

Продолжува исплатата на финансиската поддршка за основци и средношколци, велат од МОН

Министерството за образование и наука – MOН информира дека паричните надоместоци врз основа на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци продолжуваат етпно да се исплаќаат и во текот на оваа работна недела.

Објавено на

часот

Сподели

„Средствата не беа исплатени од претходното раководство. Иако поддршката беше ветена, исплатата се реализираше само за еден месец или за два месеца и тоа на мал број апликанти. Тоа е потврда за негрижата кон граѓаните од страна на претходната Влада.  Преостанатиот износ се исплаќа и очекуваме  процесот целосно да биде заокружен во текот на следниот месец. Ги замолуваме граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи секој што ги исполнил условите, ќе ги добие предвидените средства„, соопшти МОН.

Министерството наведува дека минатата недела се реализирани исплати на финансиска поддршка за  февруари и март за околу 13 илјади ученици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ