По синоќешната победа во спринт трката, Ферстапен денеска беше најбрз и на главната трка на патеката во Шангај.
Тој беше во водство речиси цела трка, со исклучок на периодот при првите влегувања во боксот. Перез му беше прв следбеник, но тоа се промени по двете излегувања на патеката на безбедносните возила.
За Ферстапен ова беше 58. победа во кариерата, остварена со десетина секунди предност во однос на второпласираниот Ландо Норис од Мекларен. На третото место се искачи вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.
Во топ десет завршија и Леклер, Саинц, Расел, Алонсо, Пјастри, Хамилтон и Хулкенберг.
Светскиот шампион ја зголеми предноста на чело на генералниот пласман во Формула 1 бидејќи сега има 110 бода, 25 повеќе од второпласираниот Перес. Следната трка се вози на 5 мај, за Големата награда на Мајами.
Our points scorers in Shanghai 👀#F1 #ChineseGP pic.twitter.com/vUZTzCqmPd
— Formula 1 (@F1) April 21, 2024