„Просторот кој се истражува е со димензии 10 х 5 метри, а културниот слој се појавува на длабочина од околу 1,5 метри. Низ, речиси целиот ископ се појавува огромно количество садова керамика од погруби садови, пред се садови за складирање на прехранбени продукти, но и подвижни печки“, стои во информацијата.
Археолозите, според наодите од материјалната култура, населбата рамковно ја сместуваат во доцното бронзено време и преодниот период на бронзеното и железното време.