среда, 26 февруари 2025

Погодена од љубовниот автомобил, жена му простила и се омажила за возачот што ја прегазил

Можете ли да се сетите на денот, можеби на моментот кога ја запознавте личноста за која ќе се венчате?

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Една неименувана Кинескиња исклучително тешко ќе го заборави тој ден – затоа што тогаш веројатно мислела дека ќе ѝ биде последниот.

Додека преминувала улица со електричен велосипед, 23-годишната девојка се свртела и видела автомобил како јури кон неа со брзина што не може да се избегне. Возачот, за кој се знае само дека се презива Ли, возел брзо низ улиците на еден град во провинцијата Хунан поради итен случај.

Во тој момент, Купидон го заменил својот лак и стрела за автомобилот на Ли. Жената била погодена, а од ударот ѝ била скршена клучната коска. Ли ѝ притрчал за да се извини и да повика брза помош, но неговата жртва сосема неочекувано му рекла: „Немај гајле“.

Фото: социјални мрежи

Ли вели дека му се видела како многу љубезна девојка. Нејзините родители одлучиле да не го тужат, пишува Саут чајна морнинг пост. Чувствувајќи се обврзан, Ли секој ден ја посетувал во болница за да се увери дека има сѐ што ѝ треба. Така се зближиле.

Три недели по судирот, жената му изјавила љубов на човекот што за малку ќе ја убиел, во приказна што ги орасположи кинеските социјални мрежи. Отпрвин, 36-годишниот Ли ја одбил, велејќи дека е премногу стар, но тие останале во контакт и на крај отишле заедно во кино.

Во септември открила дека е бремена, па, облечена во црвените и златните бои на традиционалната кинеска облека, во февруари се омажила.

Ли вели дека не планирал да се жени пред да ја запознае. Тој во објава на социјалните мрежи ѝ се заблагодари на својата сопруга за нејзината „храброст“.

Вселувајќи се кај родителите на својата сопруга бидејќи живееле поблиску до неговата работа, Ли вели дека тие одбиле да им даде „чеиз“ (пари или стоки што според кинескиот обичај семејството на младоженецот му ги дава на семејството на невестата), знаејќи дека нивниот зет е во долгови. Наместо тоа, му рекле да ги инвестира во својот бизнис.

Интересно е тоа што удирањето на жена си на улица било негов шести ваков инцидент во последните два месеци, но единствениот судбоносен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ