недела, 22 декември 2024
Раскол во Алијанса за Албанците

Приврзаниците на Таравари тврдат дека кај него се печатите, крилото на Села негира

Приврзаници на лидерот Арбен Таравари денеска во седиштето на партијата во Тетово дадоа изјави за медиумите со кои нагласија дека дејствувањето на поранешниот лидер Зијадин Села се нелегитимни и дека печатите од партијата се кај Таравари. Од „крилото“ на Села, преку официјалниот мејл на партијата, тоа го негираат и велат дека единствен легитимен конрес ќе биде викендов, свикан од Села и раководството на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот Абидин Абдули, кој го застапува „крилото“ на Таравари, рече дека  Собрание што го одржал Села е нелегитимно и оти се направени низа прекршоци кои содржат и елементи на кривични дела.

„На тоа Собрание се фалсификувани потписи на дел од членовите на Собранието-советниците и исто така и изменети со имиња на други членови кои воопшто не се советници. На Конгресот на 27.03.2022 и на одржаните собранија на 17.09.2022 и 21.1.2023 избрани се советници со вкупен број 137. Од тие јас имам изјави од 70 советници кои не присуствувале на Собранието и коишто дале изјави на нотар дека не биле на тоа Собрание на 10 февруари. Затоа тој собир го нема потребното мнозинство да се одржи, затоа што не биле присутни ни половина од легитимни советници и не може да се свика Конгрес зошто нема двотретинско мнозинство“, истакна Абидин Абдули.

Членот на партијата и поранешен министер, Азиу Алиу образложи како се направени повеќето прекршувања на статутот. Според него, записникот и списокот на присутните членови на т.н. седница на Собранието не се доставени во архивата партијата во седиштето во Тетово.

„Од изјавите дадени во јавноста и други проверки констатираме низа статутарни прекршоци и тоа повреда во свикување на собранието каде е повреден член 71. ц, прекршен член е 49, иницијатива за разрешување на претседател треба да се базира на принципи од член 50 од статутот на нашата партија, но е прекршен од страна на претседател на Собранието, без да се констатира причина, иницијатива за прекин на мандат на претседателот не е донесена со двотретинско гласање од состав на партиско собрание и друго“, образложи Алиу.

Според Азир Алиу, печатите на партијата се кај претседателот Арбен Таравари.

„Ако имате претседател со мнозинство членови не треба да се дискутира кое собрание е легитимно. Не е свикано Собранието од Таравари и не е свикано од 2/3 од составот на партиското Собрание. Не гласале 2/3 од легитимните членови на партиско Собрание и ова е тешка статутарна повреда и кривично дело бидејќи се манипулира со списокот на членови на собранието. Ако е битно, печатите се кај претседателот Таравари. Но нашата поврзаност, комуникација со народот и бројот на присутни на страна на претседателот ние е многу побитно од печатите“, изјави Азир Алиу.

На вонреден конгрес денеска, петок, 16 февруари 2024 година, претседателот на партијата Арбен Таравари повика врз основа на член 31, точка 1 од Статутот.

Со соопштение испратено од официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, приврзаниците на Зијадин Села реагираат дека приврзаниците на Таравари влегле во уште еден апсурд.

„Денеска бевме сведоци на уште еден апсурд од свој вид. Двајца поранешни владини функционери и еден поранешен член, ниту еден од нив партиски функционер, ниту член на Собрание, се обидоа да го оспорат законското право на дејствување на претседателот на Собранието, на пратениците и на сите членови и функционери избрани од легитимните партиски тела.

Сѐ што кажаа е невистинито и обид за манипулација. Прво, Собранието го свикува претседателот на Собранието, додека за консултација со претседателот на партијата чекавме два месеци да се свика Претседателството, чекавме со недели на состанок, но и претходно се консултиравме. Нелегитимна и нелегална е средбата свикана во Куманово каде немаше ниту покана, ниту записник, ниту печат, ниту потпис, ниту законска процедура.

Што се однесува до Конгресот, тој го свикува претседателот на партијата или 2/3 од членовите на Собранието. Конгресот го свикаа 2/3 од присутните пратеници во единственото легално Собрание свикано од претседателот на Собранието, Зијадин Села. Целата јавност е сведок за фалсификување потписи и членови на Собранието од нивна страна, преку сведочењата на самите членови кои исто така јавно излегоа и покажаа дека нивните потписи биле злоупотребени во Куманово од неовластени лица. И ова, да, претставува кривично дело.

Што се однесува до таканаречениот Конгрес кој го свикаа, од вчера за денес има голем број прекршувања. Како прво не беа поканети делегатите на Конгресот, ниту највисоките функционери, ниту пратениците, ниту мнозинството делегати, што покажува дека се подготвува следниот фалсификат. Дополнително, во членот 28 од Статутот е наведено дека работата на Конгресот, до изборот на претседавач со работата, ја води генералниот секретар. Кој ќе го отвори и води таканаречениот Конгрес што ќе се одржи денеска?

Сакаме да ја информираме јавноста, членовите на Алијансата за Албанците и делегатите на Конгресот, дека денешната средба е нелегитимна и незаконска. Единствениот легален конгрес се одржува во недела, на 18 февруари, со почеток во 13:00 часот во Салата на опера и балет во Скопје. Секој друг повик е кршење на Статутот и незаконски собир“, се вели во реакцијата на приврзаниците на Села..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ