петок, 18 октомври 2024

Привршува асфалтирањето на новопроектирана улица во Стар Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 6 метри, изведба на тротоар со ширина од 1,5 метар и поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Дополнително, по завршување на улицата ќе се изведат и пешачки патеки.

а
Реализација на овој инфраструктурен проект кој е целосно финансиран со средства на Општина Аеродром е исполнување на уште едно барање на граѓаните. Паралелно нови инфраструктурни проекти се изведуваат на неколку локации во општината. Градежните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период и со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром, соопшти општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ