„При претреси на две локации на подрачјето на Гази Баба, извршени со судска наредба, во домот на Н.П., каде била затекната и В.К., со која живеел во заедница, биле пронајдени марихуана во процес на сушење, дигитална вага и поголем износ на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од недозволена продажба на дрога, а во домот на М.К. пронајдени се тегла со марихуана, 2 пакувања со марихуана, 15 ќесички со марихуана подготвени за продажба, една дигитална вага со остатоци од дрога. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за извршени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.