„Синоќа во 22:30 часот во село Мартолци, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 33 години и А.С., на 31-годишна возраст, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото“, наведуваат од МВР.
Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.