четврток, 26 декември 2024

Приведени двајца тетовчани, се заканувале на вработен во општината

СВР Тетово информираше дека денеска биле приведени две лица кои се заканувале на вработен во Општина Тетово. Според СВР Тетово, лицата се осомничени за кривично дело загрозување на сигурноста.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска на улица ЈНА во објектот на Општина Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода К.И. и А.А, двајцата од Тетово, поради основано сомнение дека  извршиле кривично дело загрозување на сигурноста. Според пријавеното,  тие околу 14:20 часот му се заканувале на Л.М., вработен во општина Тетово.Тие се задржани во полициска станица“, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ