Полициски службеници синоќа околу 21:10 часот на автопатот А1 дале знак за запирање на возило сеат со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е. Но, тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. По преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.