Како што информира МВР, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само да ја запали тревата на неговата нива, но пожарот излегол од контрола.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.