сабота, 8 февруари 2025

Приведен лихвар од Битола

Вчера попладне, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С. поради сомнение за сторено кривично дело лихварство. Притоа, кај него биле пронајдени  и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, на 5 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К. пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата.
„Исто така, вчера во СВР Битола, В.Р. пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата. По целосно  документирање на настанот, против К.С. ќе следува соодветна пријава“, информираа од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ