Претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосницата Богданци, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица.
Набргу, по преземените мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец.
Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.