вторник, 4 февруари 2025

Приведен кочанчанец осомничен за предизвикување пожар

Полициски службеници од Полициската станица Кочани ноќеска го привеле Г.Г. од село Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека синоќа околу 23:45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.

„Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ