При претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријва.