среда, 12 март 2025

Приведен 47 годишен скопјанец, баран по потерница

Тој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд – Скопје, за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело тешка кражба.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 15:20 часот во населбата Илинден, го лишиле од слобода 47-годишниот З.Т. од оваа населба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд – Скопје, за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело тешка кражба.

Како што потенцираат од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ