сабота, 22 февруари 2025

Приведен 18-годишен пироман во Неготино

На 21.02.2025 во 14.40 часот полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода Т.И.(18) од село Пепелиште, Неготинско.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано Штипско рамниште, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ