петок, 27 декември 2024

Приведен 17-годишник од Зелениково за разбојништво во обложувалници

Објавено на

часот

Сподели

Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил уште десет кривични дела „разбојништво“ и тоа на 27.05.2022 во уште две спортски обложувалници со закана кон вработените одзел пари, на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022, на 30.04.2022, на 27.03.2022, на 23.03.2022 и на 03.12.2021 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Кај лицето биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ