„Според полициското соопштение, осомничениот на 10-ти овој месец во 3:40 часот, со уште едно лице со запалива течност го предизвикал пожарот во објектот на булеварот Туристичка во Охрид. На М.У. му е одреден притвор од 30 дена. Осомничениот е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор – Охрид“, информираа од МВР.