Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, лицето се товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата 180 во Тетово, полицијата пронашла околу 200 грама наркотична дрога марихуана, распоредена во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба, како и семки од растението канабис“, стои во соопштението од ОЈО Скопје.
Оттаму дополнуваат дека на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото.