среда, 12 март 2025

Притвор од 30 дена за тројца, куќен притвор за еден и мерки за претпазливост за седуммина осомничени за набавката на мазут

По вчерашната акција за разоткривање на злоупотреби при јавни набавки за мазут за ТЕЦ Неготино, судија на претходна постапка вечерва донел одлука за три притвори од 30 дена, еден куќен притвор и седум изречени мерки за претпазливост за 11 лица , од 13-те осомничени во овој случај.

Објавено на

часот

Сподели

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои:

По произнесување на jавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на jавниот обвинител, со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно ‘опасност од бегство’ и ‘околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци’.

Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка, јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор, со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од судијата на претходна постапка.

За останатите седуммина осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, се вели во соопштение од судот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ