петок, 18 октомври 2024

Приштина: Да не се дозволи воинствените изјави на Вучиќ да станат дел од секојдневната реторика

Владата на Косово изјавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ ги оцени како „воинствени“ и соопшти дека „тие не би требало да бидат дел од секојдневната реторика“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Косовската влада оцени вчера дека реториката на Вучиќ „не е само неприкладна“ туку, како што наведе, „е јасен одраз на ставот на Србија кон мировниот процес и односите со Косово“.

„Во претходниот случај се спомнуваше конфликтот во Нагорно Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан, земајќи ги како пример акциите на вториот“, се наведува во соопштението.

„Овој пат заканата стигна токму на годишнината од договорот во Охрид, за анексот за спроведување на основниот договор“, се наведува со напомена дека „Србија продолжува јавно да се изјаснува за непризнавањето на територијалниот интегритет и суверенитетот на Косово“.

Тој став, како што е наведено, особено дошол до израз на 26 октомври за време на состанокот со лидерите на Европската Унија во Брисел, „каде Вучиќ повторно одби да ги потпише договорите“.

„И покрај тоа што заканите на Србија кон Косово не се ништо ново, владата (на Косово) повика тие да не сметаат за нешто обично, ниту да им се дозволи да станат дел од секојдневната реторика“.

Во соопштението се додава дека „владата на Косово повика на засилена будност и остро казнување на таквите изјави од меѓународната заедница, вклучувајќи ги САД, ЕУ, Велика Британија и другите“.

„Како заложник на минатото кој е очаен што не може да го врати времето, Вучиќ опасно се надева дека методите на минатото можеби еден ден ќе бидат решение во иднината“, смета владата на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ