петок, 18 октомври 2024

Принудувал малолетничка на секс уценувајќи ја со украдени фотографии и лажни профили

Вчера во 14:10 часот во тетовско Церово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С., на 29 години од ова село.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово, дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име, каде поставил слики од малолетничката, што без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи, доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ