„На 7 април вечерта во полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С. (29), Б.К.П.М. (26), С.С.М.Т. (29) и С.Р.М. (29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од околу 19 часот на 6 април не се вратиле во куќата во која престојувале со во Прилеп“, пишува во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.