сабота, 20 јули 2024
МОН

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта е во еден уписен рок со две пријавувања во јуни

Објавено на

часот

Сподели

Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците за упис во средно образование ќе биде на 27 јуни  до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на  www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот.  

Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” – Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ