Синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(26) од населбата Гоце Делчев – Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра Ч.А(17).
Според пријавеното, велат од МВР можно е да се наоѓа кај нејзиното момче во населбата Илинден, кое тој не го познава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.