Како што соопшти ЦУК, за полицијата биле упатени 74,43 отсто, кон Итната медицинска помош 20,82 отсто, а кон пожарникарите 2,89 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Преку Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112, во текот на вчерашниот ден биле добиени повеќе од стотина пријави за поставени бомби во средните и основните училишта во државата. Пријавите за бомби веднаш се проследени до Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, по што преку оперативни методи на терен, од страна на МВР, е констатирано дека се лажни.
Пожари на отворено имаше вкупно осум во последното деноноќие на територијата на државата, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите. Паралелно се гаснеле и пожари во населени и урбани места за што информираат регионалните центри за управување со кризи на ЦУК.
„Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, од 12.55 до 13:55 часот со двајца пожарникари и едно противпожарно (ПП) возило интервенирале на запалена дива депонија во близина на гарнизонот во Прилеп (Општина Прилеп), РЦУК Струмица, извести дека ТППЕ Валандово, во која се наведува дека во период од 00:12 до два часот со двајца пожарникари и едно ПП возило интервенирале за гаснење пожар на депонија во село Брајковци, Општина Валандово. РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид, дека од 17:55 до 19:30 часот со тројца пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена сува трева во село Издеглавје. Во период од 19:30 до 21:45 часот со тројца пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена сува трева во село Белчишта, Општина Охрид“, се посочува во информацијата од ЦУК.
РЦУК Велес информирала дека ТППЕ Свети Николе, од 13:31 до 14:15 часот со тројца пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација, суви трски и грмушки на вкупна површина од околу 2-3 декари во месноста Дудин Дол, што се наоѓа помеѓу Свети Николе и село Црнилиште.
РЦУК Штип, известила дека ТППЕ Кочани, дека од 14 до 15:45 часот со двајца пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалено стрниште во атар на село Прибачево. Опожарена е површина од 1,5 хектар.
РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Тетово, дека од 18 до 18:40 часот со тројца пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на Џезо Петрол во село Желино, Општина Тетово. ТППЕ Гостивар, од 16:24 до 17 часот со тројца пожарникари и едно ПП возило интервенирале за гаснење запалено ѓубре во близина на Аква Терм, Општина Гостивар.
Регионалниот ЦУК Скопје, информирале дека поради дефект на рампа на железничкиот премин кај Кванташки пазар, од 16:46 до 17:42 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин, според координативната оперативна комуникација со Македонски железници.
Сите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.