петок, 27 декември 2024

Пријави против двајца полицајци за агресивно однесување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е поднесена и против Н.Д., од истата полициска станица.

Објавено на

часот

Сподели

„На 4 ноември 2023 во казино во Куманово, полицаецот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казино и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Куманово, кои извршувале службени дејства. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка. При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејства против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ