четврток, 6 март 2025

Пријава од мајка дека 15-годишниот син ѝ бил киднапиран, малтретиран и сниман за социјални мрежи

На 05.03.2025 во 09.22 часот во СВР Скопје, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04.00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е пријавено, откако отишол на договореното место, бил пресретнат од четири машки лица, од кои едниот го познавал, кои со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Исто така, според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа, но набргу бил избришан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ